сте (гл.) - може (гл.)

Кај ви бил умот, кога сте можеле и ова да го пропуштите: Негова е заслугата за повлекувањето и за зачувувањето, во Институтот за национална историја, на сиџилите од Битолскиот кадилак, на број 185 (од 1612 до 1912)... И овде, сте претерале.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Директорот продолжи со уште понагласена интонација: - Како сте можеле да прифатите дека бил единствениот човек...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ама, другар, сте претерале со придавките - сите ви се во трет степен, на латински речено, во суперлатив, сте можеле барем да ги спуштите на првиот степен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, за среќа, тоа е сепак единственото добро што сте можеле да го напишете на крајот од предлогот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тоа се виде уште од неговите први зборови: - Колега Палигоров, како сте можеле да ми подметнете на парафирање ваков скандалозен предлог за одликување?!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Што презеде Бајрон од вашата лејди Мери за верата, па вас толку ве пленило, и не сте можеле да го заборавите придонесот на Бајрон за запознавање на Албанците во светот? – ме запраша наредувачки А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не сте можеле да го почувствувате прикриениот шарм на живеење во спаваона со уште 20 и кусур мажи.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
„Тоа не би сакал. Тоа не би сте можеле ни да го сторите.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
ВР ви овозможува да вршите работа што порано не сте можеле, и уште на забавен начин.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Всушност, вие сте можеле да умрете одамна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Како сте можеле со олкава рана?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па заминувате до најблиската кафеана и наздравувате со непознати намерници во името на нејасните визии за она што сте можеле да бидете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И да не бевте формални емигранти избегани од својот роден дом (епскиот македонски збор вели: откорнатици!), сигурна сум дека моралниот кодекс на Твојот Татко и на Твојота Мајка врз целото ваше семејство ќе се пренесуваше на сосема ист начин и ќе си функционираше сосема идентично, создавајќи ви стандарди што безусловно ги определуваат сите ваши постапки и што е поважно! обврзувајќи ве тие стандарди да ги пренесувате на своите деца и внуци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Живеејќи семејно и општествено токму вака како што денес вообичаено се живее и модернизирајќи ги, соодветно, нашите семејни и пријателски релации така што сѐ побегло се познаваме, сѐ помалку си кажуваме, сѐ пократко се гледаме и сѐ поретко си зборуваме (но си пишуваме СМС-пораки!), ние сосема ја загубивме драгоцената можност да комуницираме и со тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А тоа што сте можеле да го дешифрирате на пакетот што ви го испратив е всушност Z.I. Capitou (Z.I. е кратенка за Индустриска зона).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Бев мошне задоволна кога дознав дека вие сте можеле за извесно време да се оддалечите од албанските и од македонските грижи за да се најдете среде бујниот неаполски свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам треба ли тоа домашно воспитание да го детерминирам како патријархално (типично балканско...) и да го појаснувам најпрвин преку вашиот фамилијарен егзилантско-емигрантски фатум, кој нели неминовно ве упатувал едни кон други, бидејќи само така сте можеле ем да се чувствувате колку-толку безбедни, ем да опстанете во пустите туѓи куќи, туѓи јазици, туѓи градови (улици, институции, инстанци...) што везден сте морале да ги (п)освојувате...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
По второто читање на вашата книга, си реков дека вие не сте можеле да ја измислите оваа историја, но сепак тешко можев да си замислам дека таа е вистинита.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Крај себе го имам последниот број на Монд дипломатик со еден прилоg за Mакедонија, илустриран со една географска карта на која се означени зоните на судирите од месец март и посебно оние близу до Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еврипид на едно место вели дека е роб оној човек кому не му е дозволено слободно да го изнесе своето мислење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие не сметале дека одредено однесување е несоодветно, непристојно или неподобно, туку сето тоа го нарекувале со имињата какви што се екскомуникација и грев, а исто така сте можеле да бидете мачени и запалени ако направите нешто такво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За овие четири стварој што не чинат ни педесет грошеј, сте се скарале и сте сакале да се отепате и не сте можеле да се погодите, и сте дошле јас да ви 'и делам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Како мали работи сет - му рекле ѓаолите на Соломона - овие работи сет за нас најскапи, останати од деда и предеда.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Избегнувајте од каква било зајадливост и шега и помислете дека таа судбина сте можеле, можеби и вие да ја имате.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сте можеле да се поштедите од тие непријатности“, рече Дипен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
3. Верувам, драг Аристине, дека не сте можеле да го сонувате зададениот сон и да го изедете во сонот зададениот ручек, оној светиниколски сом печен на вода.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Но, вие не сте можеле да ги отстраните  секако дека не сте можеле да ги расклопите сите парчиња од мебелот во кои би можело да се смести некој предмет на начинот што го опишавте.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидете таму напладне и побарајте женска личност која пие чај и на масата пред себе држи една женска обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)