сте (гл.) - дојде (гл.)

Знам, нечесно ќе е да почнам со играта овде, зашто со милост сте дошле.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Да простите, трговец сум и купувам свињи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сте дошле од далеку.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А вие зошто сте дошле во селово?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Рековте дека сте дошле од Америка. Така ли? - Од Њујорк... - Нека е од Њујорк...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Веднаш пред тој да продолжи, мирно го праша: - Да не сте дојден да ни се придружите како четврти играч во покерот?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се прибра брзо и наеднаш. И како да не било ништо: - Попусто мислите дека ќе промени нешто, ни таму од каде што сте дојдени, ни овде. Тоа што било ќе биде.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ни пратија луѓе кои ни ја пренесоа нивната порака: „Вие, перверзњаци од истокот! Вратете се таму откаде сте дошле!“ Вива им рече: „Ебете се!“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дали ангели од Бога сте и сте дошле у нас, дали светци сте?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
АНТИЦА: Добра вочер и добре сте дошле. (ги дочекува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Делми ви роков: „добре сте дошле“, Да сте ми живи што сте ми дошле.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Кој вам ви рекол дека ќе се вратите без камења? прашал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ние вам она по што сте дошле, вие... - Со крената рака ги триел врвовите на палецот и показалецот. - Разбирате?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога точно се паѓа роденденот на почитуваниот В. Зрновски.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вие разговарате со вашите размисли, и тоа негде длабоко во себе, а сосема неочекувано, можеби дури и од вратата во која ќе треба по малку време да влезете вие, се појавува жена со која се немате среќавано со години откако сте дојдени во градов, а еве сега, во последниве нколку денови, никако да ја откачите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За овие четири стварој што не чинат ни педесет грошеј, сте се скарале и сте сакале да се отепате и не сте можеле да се погодите, и сте дошле јас да ви 'и делам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дали пилиња сте и сте долетале у нас?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дали ангели од Бога сте, и сте дошле у нас, дали светци сте?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Како мали работи сет - му рекле ѓаолите на Соломона - овие работи сет за нас најскапи, останати од деда и предеда.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Не чудете се. Росана веќе третпат проверува дали сте дојдени, - ми се пристори дека ја слушнав ироничната забелешка на колегата Вртанов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Од купот слегува Мисајле Ковачот и вели: - Ако сте дошле за посатки не стојте.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)