сте (гл.) - влезе (гл.)

- Но, ваше превосходство, рече Акакиј Акакиевич, трудејќи се да ја собере сета неголема грстка на прибраност, каква што воопшто можеше да се најде кај него и чувствувајќи истовремено дека ужасно се испотил, јас, ваше превосходство, се осмелив да ви додевам поради тоа што секретарите онака... не се сигурен народ...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од кај сте влегле и што барате тука, праша тој.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кога сте влегле горе во собата, таму сте се затвориле, и тогаш ти, божем, си прифатил“, рече Пере.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На генералот, којзнае зошто, ваквото обраќање му се сторило фамилијарно. - Па што ви е, милостив господине, и натаму зборуваше отсечно, зар не го знаете редот? каде сте влегле? не знаете како се одвиваат работите?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кажете ми мене, зашто кадијата е зафатен. – He е за тебе работата. туку речи му на гавазов да не пушти, да не влегуваме без препита. – Ај, анасени... ана! – испцу буљукбашијата. – Како ќе сте влегле без препита? He е ова воденица да влегува кој сака и кога сака.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)