сте (гл.) - види (гл.)

- Сте виделе ли соблечена гејша? – викнав.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ама вие- нити нешто сте чуле, нити нешто сте виделе. Да се разбереме, - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ни нешто сте чуле, ни нешто сте виделе. Се разбравме... Ајде сега, како што ви реков.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Зарем сте виделе некогаш скала потпрена на небо?!“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Затоа што позгоден фраер не сте виделе! – ги пресече Весна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Ќе нè запознаеш со него? – ме праша едната.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Првпат откако е роден Дедо Мраз се сети да праша: - Еленчиња, еленчиња, сте виделе вие вакво чудо?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Зар не сте виделе мечка! – Одговори Дедо Мраз, исто како и тие, нестрпливо да дојде до белото животно. – Мечкава е првиот знак дека сме близу до светот што го бараме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Убавината само со убавина се разбира. Помни и врати, пак со убавина.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Гледајте, нагледајте се, ако не сте виделе угул голи набабрени цицки и бели бедра како треперат на западниот ветар.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)