сте (гл.) - бил (гл.)

Маргина 37 69 Едноставно и двајцата сте биле премногу потресени, дошло до слом...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како не си обрнал внимание на тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Никаква девојка ни Дина ни Мита не познавам, - спокојно одговори Гоце.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
И вие сте биле, кајмакам ефенди, млад... па знаете каква е младоста...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
„Значи“, објасни Пере, „ти и жена ти Агна божем не сте биле во добри односи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Бевте ли близок со кралот? Да или не“. „Да“. „Колку близок?” „Доста”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
„Имаме искази, фотографии и други докази дека сте биле многу близок со него”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако најнапред не сте го посетиле нашиот павилјон, или оние големи, доминантните павилјони на САД, на СССР и на Франција, а сте биле во павилјоните на Чехословачка, Швајцарија, Бразилија и слични на нив, а потоа сте заминале во југословенскиот, чувствувате две различни концепции во истапувањата на Изложбата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Вие сте биле Крсте, - рече таа. - Често зборуваме за вас.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Грот: Слушнав дека сте биле на ручек во кафетеријата на Фокс.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога филмовите ги правиме за Соединетите Држави, автоматски ги правиме за целиот свет - Америка е полна со странци.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше тоа навистина чудно искуство, да бидеш посетен од херој.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кога во тоа време зборував со Американците, ме прашуваа: „Кога последен пат сте биле таму?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Да ве видиме, тетко Анѓо... Чувме подобро сте биле...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Па кај сте биле вие, што сте правеле со Васета?
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
„Сите сте биле на годишен одмор“ - рече - „па редно е и јас да појдам.“ „Редно е, мајко“, рече тато.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Додека ги прелистувате своите сопствени белешки, напишани од пред неколку години си велите „Какви се овие глупости“ смеејќи се на помислата за тоа кој сте биле тогаш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Согледувате значи дека вие не ја разбирате личноста која сте биле до пред само неколку моменти.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За Вас се зборуваше дека не сте биле храбар.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се повртка меѓу грмушките, како да бараше место за мочање, погледна уште еднаш кон пошумените падини на планината и кога се врати во колата без двоумење праша: - Сте биле ли некогаш во „Црвени петли”? - Што ти се тие „Црвени петли”?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Палигоров не рече ништо, а Донски продолжи: - Еве, на пример, каде не сте биле доволно буден во составувањето на предлогот: Оваа документација е од првокласно значење за нашата историја...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Замислете да сте биле на фронт и сега да се тркалате во инвалидска количка - вели строго сосетката. - Боже, навистина...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Никогаш ми немате спомнато дека тогаш и вие сте биле кај нас со партизаните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ниту пак некој друг ми има речено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Вие сте биле таму? - Да.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ЛУКОВ: А... сте биле ли... оттогаш... често со него?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Уште една свадба Сте биле ли на свадба во Лисиче, по каналот па уџум?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И не сте биле свесни за убавината на станување во 4 часот наутро.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
имаше еден безбожник којшто призна дека кога му било најтешко, пак, на небото му се помолил, пак верувал дека нема господ, ама друг и немало до него и устата сама му се отворила да го моли господ, оти тогаш може да ти помогне само тоа што не е до тебе, тоа што не го гледаш, што не го познаваш, што не си го сретнал, господ мора да е и овдека и онаму, вели Илија Јованов, господ мора да е насекаде и затоа не можеме да го видиме и тогаш пак го гледаме офицерот, се враќа: дали сте биле војници, прашува, не, не сме биле, кажуваме, е отсега ќе бидете, вели, смртната казна ви ја заменувам со казна на прва борбена линија, вели, ќе потпишете дека доброволно се јавувате, ќе потпишеме, велиме, како не ќе потпишеме, таму барем може и да преживеете, вели, е ти благодариме, господине, велиме, ти отсега си ни господ, велиме, и одиме му ги бацуваме рацете, колената, чизмите, не бацувајте ме мене, туку потпишете овдека, ни вели, имате штастие, имаме, велиме, и среќа и штастие имаме, сигурно дека е пијан, си мислиме и нѐ одведоа во некоја касарна, ни дадоа алишта и плачките ни ги вратија после пак ни ги зедоа, ама тогаш ни ги вратија, само парите не ги вратија, пари не ви требаат, велат, оти одиме на фронт кон Турција или во Македонија. 122
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кучињата се наши пријатели. Сте биле овчари, знаете.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- О, тука сте биле, го завртев градот за да ве најдам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Два века сте биле ајдути и џандари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Двете соседни куќи!“, извикав; „сигурно сте биле на големи маки.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Се надевам дека не станува збор за нешто нечесно“, се осмелив да речам, наведен на таква мисла поради таинствената атмосфера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вас ве побарав зашто слушнав дека сте биле добар работник“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вие обичните луѓе, работниците - сте биле нивни робови.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Домот на лордовите, ако баш сакате. Тоа што јас го прашувам е, дали тие луѓе биле во состојба да ве третираат како подолен од себе, просто затоа што биле богати, а вие сте биле сиромав?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Мора да сте биле веќе возрасен човек пред да се родам јас.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во 1925 година, на пример, вие веќе сте биле возрасен човек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Впрочем, сте биле ли некогаш гладни?
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
БАРБОШИН: (на Мешаев.) Според некои надворешни знаци, што му се достапни само на опитното око, можам да речам дека вие сте служеле во флотата, дека немате деца, дека неодамна сте биле на лекар и дека ја сакате музиката.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вие повеќе од година дена живеете одделно, а колку што можев да разберам од вашето кажување, и вие не сте биле задоволни од тој брак, од тоа семејство.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Ако сте биле војник, знаете што е воената тајна, нели?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
„ Татко ми, во тој миг, го слушам како излегува од клозетот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ж: Да признаам, малку ми е чудно што мислите така...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Генијален штос! Се кладам дека сте биле барем малку разочарани.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кај беше пак ти?...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Убедена е дека и вие сте биле таму!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Овошјето од еден обичен плакат го поместува тлото под душникот го лизга ровко и несопирливо и ве пренесува во детството - небаре тоа е на едниот, а вие на другиот крај небаре сте биле еден без друг вие, кои не сте смееле - повторно ја доживувате возбудата на окото и моливот кога сте цртале гроздови, круши и јаболка и сте го наслушнале разговорот меѓу мечтата и раката во којашто се влевал еросот на иднината.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ве читам, вели. Многу сте биле писмени, сакам да му речам, ама си ги враќам зборовите, си ги голтам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Колку пати сте биле во Југославија, вели Фирсов, со кого се среќававте во Југославија, какви задачи добивавте од Југославија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во миговите кога се пишува секогаш се мисли дека вистински се изразува сорствената мисла, но кога се чита малку подоцна повторно напишаното, готови сте, до бога, да признаете дека сте биле во заблуда.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На внимание на Г. Клод Диран, од изданијата Фајар Господине, Времето на издавачот е, јас тоа добро го знам, мошне драгоцено; затоа ве молам простете што сакам да ви одземам неколку мига.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А што се однесува до вас лично, се прашувам дали, со оглед на вашето албанско потекло, вашиот идентитет и фактот што сте биле дипломат, за вас се поволни околности, кои ви овозможуваат да имате за оваа ситуација дистанциран став и да вршите посредувачко влијание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Потрагата по идентитетот е потрага до крајот на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
КЛАУС: Вие секако сте биле во Германија? СТЕВО: За жал не, господине Клаус.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вие сте биле на Пелистер и затоа ќе го прескокнам опишувањето на неговите природни убавини...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ако сте биле во трендот во 80-те, барем сте чуле за киберпанк, ако покрај тоа барем малку сте ги следеле литерарните текови, сте знаеле и за Гибсон.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Настрана што е одлично место за војување. Сте биле некогаш таму?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)