стаса (гл.) - до (предл.)

Сиротите животни со тажен поглед се утешуваа од зборот на нивниот газда, знаеја дека тој збор е полн со разбирање за нивната мака – тие и тој имаа иста цел: да стасаат до врвот, излегувајќи од темната магла, од коријата со згусната дабова шума.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Моите предци умееја да живеат долго, да го достигнат духовното ниво без писменост, која тоа време не беше стасала до селата, знаеја да комуницираат со Бог и со природата, без да знаат да читаат и пишуваат тие живееја согласно Светото Писмо.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зашто не верувам дека некогаш ќе стасам до оној недогледлив хоризонт зад кој можеби има некој друг живот во кој би можел да влезам и да му се приклучам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се сеќавам дека деновите пред да замине за Маказар, со работата бев стасала до проблемот на сакрализација и десакрализација на политичките водачи, тоа добро го паметам оти долго потоа тапкав во место, целосно бев дезорганизирана, како и секогаш кога го испраќав на пат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Може и обратно, се разбира – секоја умирачка во Венеција да се смета за нов почеток.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција и ако го фатев првото вапорето, тогаш ѓоа ќе го видев Шекспир како окапува броејќи ги вековите на плоштадот Свети Марко – чекај да намине некој поасолен млетачки трговец, чекај да го отворат кафето Флориан, па чекај уште во него да намине Томас Ман, па заедно да го презираат оној Езра Паунд, ем да го презираат ем да го ценат, и најнакрај на Осја Бродски да му покажат како зиме целиот град може да се обвитка со едно ќебе, иако овој ги прашуваше нешто сосема трето – со кој брод тој, Бродски, може да стаса до островот Сан Микеле, оти беше чул од некој шерет Бродски, дека убавината е најтешка на Сан Микеле, потешка и од дождовите што севезден им ги стежнуваат соништата на стаклодувачите од Мурано.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Баш кога ќе го почувствувате мирисот на лаванда под мишките на стјуардесата и пред да сркнете од црниот поцрн не може да биде руски чај, среде Сијаните тресулајќи се капат во студените езера, луѓе влегуваат тресулајќи излегуваат, тие и во сонот се тресат, и на секоја арка пуштена низ Енисеј се тресат, за истресени да стасаат до Артикот и отаде Артикот, истресени луѓе, истресени мандала, истресени џепови, истресени сни, колку истресени, трипати повеќе со студена магла покриени, оти личотата на Сијаните не била за распродажба на туѓинци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тешко е само додека стасаш до своето место. Потоа со леснотија ќе пулсираш.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Божем, ти си премногу далеку, и храната во пакетот ќе се расипе додека стаса до тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Трчаница стаса до дома, ја зеде чантичката и побрза.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Пак ги свикал дворските старешини на советување што ќе прават сега.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Војската тргнала и не се вратила. Стасала до планините.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Така стаса до оној заблескотен биљурен бедем на шумата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А јас нешто ќе ви речам - ако сме умни и претпазливи, сите ќе стасаме до своите куќи, до своите жени и деца, здрави и живи. Ќе се обесам ако не биде така.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И како што гние арското ѓубре од свои внатрешни и болештини и топлини распаѓајќи се и станувајќи храна за пченичното зрно, да вивне тоа зелено, така и од дневниот спокој вивнувала увереноста дека ноќите се кратки за да се искожурчи од вековите измисленото чудовиште и да стаса до нив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не ќе стаса до Кукулино, им пришол Трипун Караѓоз. - Арамиите бараат такви, осамени и послаби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата со нејака трева се длапчела под нив, подвижните пирамиди на огновите околу кои лежеле ги извивале своите знаменца и ги грееле, и секое нивно влакненце се враќало на своето место.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не за тоа. Јас стасав до арамијата пред оној Борис Калпак, и сепак тој ја зеде пушката.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Само, мака ми е... - Мачно е да се продолжи кон Лесново, знам, Полесно е да се пее: Црна земјо, штура земјо, зошто си се отворила ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Се спогодуваме како Онисифор Проказник веќе да загинал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од уста на уста, прикаската стаса до Поп - Пауна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ајдее, веќе три пати ти кажав. Престани да бладаш и затвори ги очите. - на Младен ракијата веќе му беше стасала до петици па ’рчејќи го совлада сонот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Одвај успеа да исплива и на коленици да стаса до брегот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред едно јулско пладне стасав до неголемото езеро. Позлатено, лежеше во обрач на трски.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Гласот стаса до тремот на Рожденката, и бидејќи тука беше Неда, и до нејзините уши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа запирање, тоа воздржување и молчење во текот на подготовките на сите мои книги од „Дождови“ до денес не стаса до онаа критичка точка преку која стиховите за Рацин требаше да минат, да ја надминат.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Тогаш нивните сни стануваат исчашени сни А јавето е на ачик особено ако таквите не успеат Навреме да стасаат до првиот клозет.
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
А ние децата, и натаму во нашите соништа трагавме по можниот пристан на нашиот загубен чун, кога стариот капетан му се враќаше на вечното Езеро, трагавме по можноста да го пронајдеме патот на јагулите, да стасаме до Америка пред нив или по нив. Секој со својата среќа…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Цел ден што патував и на пладне стасав до едно поле и ево ти двајца луѓе маж и жена кај си косеа една ливада.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Филип: Јас како крал сум моќен, доволно силен и добар оратор, но сепак би сакал да ме надминеш, да стасаш до поголемо богатство и раскош!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Среде жито стасано до жетва се изделуваше осамено пламенче - стракче црвен мак. Безутешно: топол ветар во пладнето му ги откина листенцата, му ги одвеа некаде, ги разнесе...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
За чудо кога стасаа до дното, наеднаш стана светло и двајцата бегалци зинаа од чудо: на неколку чекори од нив, сред мрежа од трева и други подводни растенија, стоеше едно големо чудовиште.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Цел живот бев сам и отфрлен. Стасав до нешто кое е повеќе од минливаст, а сѐ уште не е вечност.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Требаше ли некој да си ја соблече облеката, друг да ја облече, за да се израмнат сметките и да се стаса до целта?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)