И така, наша Весна е дежурна. А тоа ќе рече дека станува рано, дека убаво се мие, се облекува, си ги чисти чевлите, јаде брзо и уредно и трча в училиште.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Кога Татко, пред празник, ќе донесеше пиле, таа стануваше рано, убаво ќе го измесеше тестото, па потем го делеше на топчиња кои ги извиваше во една или во повеќе тенки кори.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка, навикната да станува рано, утрото стана порано од секогаш.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Станував рано. Јас бев одговорниот за појадок.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Затоа кога беше дома, седеше крај баба си, а кога ќе одеше со волови, стануваше рано пред сите и се губеше од окото на секој човек пасејќи ги воловите по падини скриени во орманите.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Луѓето стануваа рано наутро, кога надоаѓа некоја капка повеќе, и уште в зори, почнуваа викотници.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Стариот поп Трајко, како стар човек и вреден слуга божи, секоја недела става рано.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)