станува (гл.) - поинаков (прид.)

Животите на луѓето преку ноќ стануваат поинакви, се менуваат многу нешта.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Сонцето неверојатно брзо паѓаше зад планината, на Запад, накај Скопје; со секоја измината минута светлина стануваше поинаква; беше тоа светлина што гасне и поинаку ги обојуваше нештата од миг во миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)