станува (гл.) - со (предл.)

Никако и Јосиф да излезе од одајата и да им каже на луѓето што станува со човекот, има ли надеж да прездрави?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Свиен, зграгорен, нем, Андон не можеше никако да се прибере и да сфати што станува со него сега.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас не можам да ги соберам мислите, да ги средам - да фрлам спокоен поглед врз тоа што станува со мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Што станува со зборот зандана, дали ќе го ставиме во нашата листа на опасни османизми или ќе го амнестираме? запраша зачуден Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски замина замислен, првпат откако се врати од Голи Оток, сега зајакнат и орен за работа, но подјадуван од малите порази што ги доживуваше со луѓето во местата каде што работеше, никогаш со разбирање за неговата трагична судбина и минато на затвореник на Голи Оток, макар невино осуден, потоа и рехабилитиран.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А што станува со сегашноста на нашите деца? пресече госпоѓа Камилска, оставајќи го својот сопруг без одговор.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ми се намовнува кожата, телото ми се тресе. Тешко е и претешко да легнуваш и да стануваш со опседнатоста од неуспехот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури и кога по многу силна кавга стануваш со стиснати заби, а ликот во огледалото ти подзаличува на крвожедна ѕверка подготвена за борба до смрт, со облог, имаш судии, порота и „запамтувач“, кој не запишува, ама од прераскажување низ маало со пет кафиња, од повторување, кавгата ја знае напамет, како стихотворба во петто, секоја реплика и реплика на репликата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Што станува со тебе? Риба ли си или ѕвер? - Ни риба, ни ѕвер!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Да речеме, нешто му се слошило или жандари го потиснале, што станува со нас? Една глупава смрт, и ништо - живна Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Знаев што станува со телото, но, ако нема господ, кај оди душата што го движеше него?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
M Што станува со дискот за Ушко? Има некои проблеми, така, и тоа прилично апсурдни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кажи ја таа бизарна приказна за нашите на бизарности навикнати читатели.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се слушнаа и човечки гласови. И јас станувам со децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)