А јас знаев дека Лествичникот, едноокиот, зборови такви угодни пред логотетот кажа затоа што знаеше дека со еден удар две муви убива: прво, логотетот се смилостивуваше пред „понизната“ душа на Лествичникот, и наклонет му стануваше за собитијата идни, и второ, Лествичникот добро знаеше какво сподобие грозно во одајата има, од рака моја пуштено, низ клучалницата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кутриот, станува за резил затоа што не може, ниту, пак, смета дека треба да се корегира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)