Пристапот до главнотековните општествени облици: воената служба, припадноста во црква и бракот.
Ова многу ги објаснува карактерот и преокупациите на современата геј-политика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Има, сепак, и понатаму важни материјални барања во таквите борби за вклучување, но тие им се некако подредени, барем во реториката на движењето, на асимилациските и конформистичките цели.
Во таков контекст, геј-културата сѐ повеќе изгледа како бизарен, нестварен, неопиплив, небулозен, ирелевантен поим.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Целата работа е во потребата да се вклопиш, да му се приспособиш на местото во кое веќе живееш и работиш.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога геј-луѓето ќе се лишат од заедничкиот, комунален живот, од сопствен општествен свет, главната мисла на геј-политиката веќе не е отпорот против хетеросексуалното угнетување, туку тоа станува асимилацијата, односно приспособувањето кон главнотековното, поривот за општествена прифатеност и интеграција во општеството во целина.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Прашањата како што се воената служба за гејовите и еднаквоста во однос на бракот, кои порано беа борби за пристап до осигурување, за правична распределба и за отстранување на дискриминаторските пречки, сега стануваат борби околу симболизмот на општествената припадност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)