На мудурот и другите Турци им турија од кокошката, но бидејќи тепцијата промириса на „домус", и како што рекоа они оти се вечерани, и дека дошле само на муабет „да поминит, зарем, времето", се напија уште по една ракија, ако по вечера, и станаа та си отидоа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– Летово, ако сме живи и здрави, ќе ја свршиме оваа работа – додаде и аџо Рампо, и станаа та си кинисаа.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А гласот растеше, и голем стана та се дигна ко Бореј, брзокрил.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)