На пост – комунистичките земји, каква што е Македонија, им се потребни такви реформи во кои суштината на реформите се однесува како прво на: Промените во третирањето на човекот, кој наместо индивидуа и општествено битите, треба да стане човек – личност!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Арсо треба да стане човек поинаков, секако поумен и затоа и посреќен од него и можеби и сета фамилија ќе ја извлечка од заглибувачката.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Утрото веќе знам чија била ногата: пред сите станал човекот и избегал на работа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
(Собата. Минут подоцна. Влегува Матеј, Американецот и Русинот.) МАТЕЈ: Ќе стане човек од тебе. Почна да носиш мои кошули. БОРИС: Сѐ мора да се проба.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сакам да стане човек, разбра? А, не, лигуш и неранимајко!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Да беше жива баба му на Гого, за помалиот ќе речеше дека ќе стане човек со фат, а за поголемиот дека за него не ќе се најде ат.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Необична симетрија! За да се стане човек на политиката, односно да се има тирански предиспозиции, бездруго е потребен некаква ментална попреченост, а и за да се престане тоа да се биде потреба е друга попреченост: зарем не се работи, во суштина, за делириум на величина?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зарем, кога беа намамени џиновските туни и кога една по една беа умртвувани, не нараснуваше инстинктот на морнарите-рибари, во трансот на крици и движење да подземаат непознати сили од себе, да ја покажат конечната победа, триумфот на нивната матанѕа?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Речиси сè што му се случуваше со кучето му потврдуваше не само дека не згрешил што станал човек со куче, туку беше на работ да се запраша себеси зошто тоа не го направил многу порано.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Од едноставна причина: токму татковината, таа “сакрализација на баналното”, како што зборуваше Вилем Флусер, е она што треба да се напушти за вистински да се стане човек.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Пронаоѓањето на алфабетот било решавачко скршнување по патот по кој човекот станал човек.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)