ХОРОТ: Задоволниииии! [аплаудирајќи] ПУБЛИКАТА: [аплаудира] Завесата не се спушта НЕМА КРАЈ ВЕСТИ [ВЕСТИ]* • СПАСИЛ МРАВЈАЛНИК ОД ПОПЛАВА • МАСОВНО ЗАЉУБУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ • УАПСЕН СЛИКАР ШТО ГО БОЕЛ НЕБОТО • ЈА СПОРЕДИЛ СО НЕИЗЛЕЧИВА БОЛЕСТ • НАХРАНИЛ СЕМЕЈСТВО БЕЗДОМНИЦИ • СЕ ПРЕСЕЛИЛ СОСЕ ЖИВАТА ОГРАДА • СО СТРИПТИЗ РАЗДВОИЛА КУЧИЊА ШТО СЕ ДАВАТ • ПОПРАВИЛ ПОКРИВ НА КУЌИЧКА ЗА ПТИЦИ • СИ ГО НАШОЛ ПИЈАНИОТ КИТ ВО БУНАР • ОТВОРЕН ПРВИОТ ПЛАНЕТАРИУМ ВО ШЕШИР • ИМ ГИ КРАДЕЛА МИСЛИТЕ НА ДЕТЕЛИНКИТЕ • СОБОРЕН РЕКОРДОТ ВО РОНЕЊЕ СОЛЗИ – РАДОСНИЦИ • ДЕТЕ И КАЛИНКА СТАНАЛЕ РОДНИНИ • ВОЛК ПОБЕГНАЛ ОД АКВАРИУМ • МУ СМЕНИЛ СВЕТИЛКА НА СОНЦЕТО * Запис пронајден во бележникот на поет кој никогаш не станал уредник на вести
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)