На свирепиот султан Мурат IV му предал свој меморандум составен од 21 поглавје за спасување на државата од декаденција, од рушвети, од грабежи и измами, кои станале обичај, уште и алкохолизам и дроги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На тој ден стана обичај луѓето да му врзуваат мартинки на добитокот: да не куца, да не се шине, да не му се јадат копитата, да не буца со роговите, да не фаќа дрскосерец, да е плоден.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Првите неколку вечери ја праќаше ќерка си да ги кани, а кога тие посети станаа обичај, тој само ќе стропаше со бастунот во штиците од таванот, а нивното сопче беше над самата визба и тоа им стана знак за слегување.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На тој ден стана обичај луѓето да одат еден кај друг, да пијат, да наздравуваат за здравјето на добиците.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)