Во овој дел од Солун сигурно живеат оние дуќанџии од пазарот, луѓето од зад базбројните тезги и тезгиња на сите краишта на градот, кои се грабаат за секој минувач за да им стане купувач.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)