стане (гл.) - жена (имн.)

Од софрата станаа жена и две деца и им подадоа столчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Каква пак сега Америка? - се прашуваше, која е оваа што му стана жена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нема кој да ја гледа куќата, а и таа веќе порасна, стана девојка, ѝ требаше дома да има жена за да ѝ помогне и самата таа да стане жена.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се плашеше дека може да стане жена којашто не може да го задржи плодот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така, еден ден, откако се вративме од еден состанок, тој ме праша, сосема спокојно, дали би сакала да му станам жена. Јас уште поспокојно му реков: „Мислам дека да“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тие, и самите потурчени, беа посреќни што станаа жени на рисјанин, не на прав Турчин, па веднаш премолчано решија да ја сметаат за прва анама.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Немам ништо против таа да ја смени верата и да ти стане жена.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Фиданка Кукникова, змија, со презир но не и без восхит шепнал Адам Лесновец. - Била држанка, станала жена, сега е распуштеница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да ти кажам ... - Кажи како сакаш. Те слушам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Па, ете, стар си. Ќе ти стане жена и ќе мавта со опашката по други.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со секој чекор како да ѝ бабреле високо кренатите гради под кошулата, Меката кожа на лицето со прво руменило на младото сонце внимателно ѝ била покриена со дамки на проѕирно злато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Само стигнав да му речам, Анатолиј, Анатолиј, за ова, дека сакаш да ти станам жена, за првпат слушам сега, ама да знаеш дека не сум изненадена".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)