стави (гл.) - од (предл.)

Логотетот изгледаше страшно. На искушение големо беше ставен од мудрите зборови на Филозофот, но се боеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Венец кој ќе биде ставен од свештеничка рака, со оние убави негови зборчиња: (изрекнува со пеење како поп при венчавање). „Венчает сја раб божји Илија и Антица...“
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На закопот беа сите жители од Потковицата, и старо и младо, и машко и женско, и свршеникот и роднините негови дојдоа од Битола, и сите на глас ја редеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)