стави (гл.) - точка (имн.)

Имено, кога Канети ставил точка и со тоа го завршил романот „Кант го пали огнот“ (работен наслов) во кој библиотеката на синологот ја пеплосуваат пламени јазици, почувствувал потреба да си го поврати изгубеното право на книгите затоа што ги жртвувал, како што самиот вели, за еден роман.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Размената на книжевните форми и идеи треба да стави точка на оној тип на живот во кој самодоволноста беше апсолут и во кој сѐ доаѓаше од внатрешноста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е вистинскиот крај на приказната, со сите конотации кои од неа произлегуваат: тука авторот можел да стави точка на расказот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Стави точка. Последната точка во ракописот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знам дека се прашував, бидејќи паметам дека лично се воздржував од каков и да е одговор, иако далеку во мислите наслушнував нешто како шепотење од кое можев да сфатам дека на ниту еден настан не може да му се стави точка и да се прогласи за звршен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ти го скрои крајот, јас само ја ставив точката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И никој веќе не се сомневаше дека најпосле и на овој проблем ќе му се стави точка, кога однекаде пак, по којзнае кој пат, се јави нејзиниот глас, рече: - Ајдете, - ни довикна, - што сте замрзнале, одете!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И направив нешто страшно – капитулирав – молев за работа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Злобниците ме советуваа како прв маж да формирам детска градинка и на својата бескрајна политика на планирање да ѝ ставам точка со реализацијата на тој план.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)