Ја префати самоделската дренова патерица под левата мишка, а со десната го фати резето повлекувајќи ја полата од портата сè додека клепашката над вратата не клепна и тогаш таа го стави резето.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Тој, ако сте забележале, секогаш кога ќе излезеше, не забораваше да го стави резето на портата.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Застана пред портата на својот истоименик и забележа дека Едо не го ставил резето на портата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ја тргна половината од портата, ја затвори, го стави резето и го навре катинарот, го заклучи.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)