Понекогаш, навистина, можеше да се стави прст врз некоја дефинитивна лага.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Митко го стави прстот в уста, помисли малку, потоа уште малку помисли и рече: - Волк и јагне!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Стана од креветот, тргна кон вратата, но како нешто да ја задржа, се стаписа, ги стави прстите на устата и полека пак се врати назад.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Така ни порача, и ние од немајкаде, си го ставивме прстот на главата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Ќе му напишеше што требаше и ќе речеше да потпише или да го стави прстот.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Едо го стави прстот под своето име.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога Хусрев ја видел голата убавина (читај голата вистина), на Ширин му го ставил прстот во устата. И толку.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Младиот патник... тука офицерот го стави прстот на местото до каде што беше стигнал со читањето и ги управи своите живи костенливи очи на Глигора.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
И ти си прав, и јас може да имам кабает. Сите треба да го ставиме прстот на умот...
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Гејовите и радикалните настрани си замислуваат дека го напаѓаат тоа статус-кво, но усвојувајќи ја стигмата на женственоста, тие само се сообразуваат со одамна воспоставените очекувања и ги потврдуваат.346
Мејлбренч (тоа, се разбира, не му е вистинското име), изгледа, го ставил прстот на пулсот на времето.347 Неговата книга доби славослови од критичарите на интернет, a неговите сопатници се цела легија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа е сексуален идентитет што нема речиси никаква врска со сексуалноста...
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј-сензибилитетот е речиси незнајно прифаќање на кастрирачка инсинуација, непрестајно славење на една вековна, обезмажувачка стигма што им се ставала на мажите кои се впуштале во хомосексуални чинови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Или така барем можеме да заклучиме од следниов исказ: „Мажественоста е одлика што треба да се уважува, да се почитува и да се третира достоинствено.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Нумо - тивко изусти Коста и си го стави прстот на усните. - Прави се дека не ме познаваш.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А што е со Јован, каде е тој? - Во Елбасан, в болница...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Поп Стерјо стави прст на усните. Разбравме дека за тоа не се зборува, туку само се молчи и со молкот треба да се памети.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Беше со уште двајца во патрола. Му свикав: Стој!, и му ја побарав лозинката.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Во мигот ја откачив пушката, тој се затрча да ми ја фати пушката, а јас го ставив прстот на чкрапалото и само му реков: Готов си сега.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)