стави (гл.) - книга (имн.)

Легна на грбот, ја стави книгата на градите, подигнувајќи ја со нерамномерното дишење.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Ова?,“ праша Ана и подигна една книга, приближувајќи ја до очите на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Климент Камилски внесен слушаше. Првин ја стави Книгата за воспитувањето во својата излитена професорска чанта во првата преграда која ја затвори со металното синџирче, а потоа слушајќи го внимателно Татко, погледот го упати врз неколкуте отворени книги и списи за лавиринтите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чанга ја стави книгата во торбата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)