Тој не допушти тоа забележување на разликата, кај некои од девојчињата-кои-стануваат-жени да поттикне и поинакви чувства, а не само завист; ја стави зависта како место околу кое се создава Јас на секоја жена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Станувањето женско според брат ми не беше резултат само на биолошка предодреденост, не беше анатомски факт, ниту пак метафизичка даденост и нешто што лежи во неодгатливоста на душата, туку беше процес придвижен од зависта, и по завршувањето на тој процес зависта остануваше во животот на секоја жена, како траен белег на она прво жестоко чувствување на осакатеност заради немањето машки полов орган.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)