сретне (гл.) - човек (имн.)

Јас сум виновна што му поверував на случајно сретнат човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Одамна сакав да го сретнам човекот задолжен за мене.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Секаде низ Европа, а можеби најмногу во Белгија, шумата, дрвјата, зеленилото толку многу се почитувани што ретко или воопшто не може да се сретне човек што би ги уништувал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Да не ти се фалам, досега немам сретнато човек што поарно да пишува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ретко можеше да се сретне човек со иста судбина, но и со таква тивка величина и моќ.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И јас како тој: сретни човек и, дај една цигара, добар ден, како си, дај една цигара, ај со здравје, дај и за по јадење...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Вистина е дека ќе видиш човек во сонот, ама во кој сон не ќе сретнеш човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)