сретне (гл.) - поглед (имн.)

Кога им се сретнаа погледите, оној на вратата повторно неуспешно заусти да каже нешто.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Старецот за миг стоеше, како да се обидуваше да го разбере неговото збивтање, кркорење и кашлање, но потоа, со некоја необична нестрпливост, речиси нервозно му мавна со раката да влезе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неколкупати им се сретнаа погледите, ама тој не можеше да го издржи нејзиниот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Разголен и на показ за секој сретнат поглед, како тежок виновник, се провлекуваше по улиците, во клубот, во кафеана, во паркот, кај пријател. Сеедно каде. Сеедно кај кого...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не можеше да му го сретне погледот. Да го предупреди. Тој беше во голем занес.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дури Толе го водеше овој разговор пристигнаа и другите коњаници со пешаците. Не малку се изненадија и едните и другите кога им се сретнаа погледите и си ги слушнаа гласовите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога рецитирав неколку пати ни се сретнаа погледите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)