И една вечер, кога во собата немаше никој, се спушти низ прозорецот држејќи се за заврзаните чаршафи од креветот и кога се најде на тротоарот крај болничкиот ѕид, помисли дека тука ќе испушти душа, но пак нешто го поткреваше и го тераше да продолжи, да бега.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Отец Симеон потрча низ ходникот и нечујно се спушти низ басамиците, другиот Мануш Крловец, воздивна и ја отвори вратата на собата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Квечерина, поцрвенет од сонцето, со бело шамивче околу вратот, се пкажа откај планината нечиј глас со златни менѓушки, се спушти низ ливадите, се искачи на мојот чардак: Е-е-еј... – Е-е-еј...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи до очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво; го подвитка опашот и се спушти низ долчето, гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На потокот, кога се спушти низ Гола Глава, го затече Денко. Миеше паници.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Утрото, пред сонцето, пред да се разбудат орлите, се спушти низ Орелска Чука. Не ја преспа ноќта.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Лисицата веќе и не се обиде да ја следи со очи брборливата страчка во лисјата на првото дрво го подвитка опашот и се спушти низ долчето гладна но претпазлива во прастариот див закон на шумата - демни ги послабите, варди се од појаките.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Зашеметено се спушти низ скалата и дотрча во собата: - Арамии, арамии ја дигнаа куќата!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Внимателно ќе се спуштат низ стрмнината точно над колибите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А кога автобусот се спушти низ планината и запре во селото, срцето му заскока како на пиле.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)