спушти (гл.) - врз (предл.)

Војната е како јастреб што ќе се спушти врз народот како врз јато кротки врапчиња и ќе ги разлета на сите страни...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Израснуваа над него, во сета своја височина, четворица луѓе, од сите негови четири страни, а после се наведнуваа и го спуштија врз тврдината на смрзнатиот снег.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Внимателно го спушти врз чоената покривка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бран од самосожалување се спушти врз него и го проголта огромна беспомошност.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Диференцијалот сам на себеси си го спуштил врз нозете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)