спушти (гл.) - глава (имн.)

Ги рашири крилјата, повторно ги собра внимателно, ја спушти главата за миг, како да му се поклонува на Сонцето, а потоа почна да истура порој од песни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мантилот му се слука. И широките, напнати рамена се собраа, смалија, почнаа да се тресат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тој тешко задиша. Се потпре со лактовите на масата, ја спушти главата, сосема клона.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја спушти главата во густата трева и ја замрси во неа својата руса косичка...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Младен ја спушти главата на перницата, но по неколку минути повторно нагло се разбуди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тоа го почувствува Ема и за миг ѝ ја врати самодовербата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ја спушти главата, залепувајќи го челото на тетратката.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Јас знаев дека нејзината сериозност не беше израз на нејзините чувства, туку на нејзините убедувања и тоа беше она што ме стаписа, ми ја затвори устатата и ми ја спушти главата пред неа како челото да ми беше прелиено со тежок калај.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога таа ме погледна после долго одбегнување да го направи тоа, почувствував дека има пркос во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ја спушти главата на моето рамо плачејќи со солзи кои по снагата ми продолжуваа во конци со морничав скокот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ѕвезда го шета сѐ додека питомо не ја спушти главата врз нејзиното рамо. Тогаш го води на поило.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога ќе застанам пред таблата, ќе стојам право пред Ирена и таа пак ќе си рече дека смрдам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурно забележа дека мирисам, па сега ми се смее, си помисли Ема и ја спушти главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да...спушти глава...гривата од долга коса... и отиде во заборав.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Ако на баронот еднаш или двапати му се спушти главата додека седи на неговиот резбарен стол од даб, тој не го прави тоа со некаква лоша намера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој често слушаше пофални зборови за Сем Галовеј од другите сопственици на ранчови кои биле удостоени со неговите посети, но никогаш не сметаше дека ќе ѝ се укаже таа чест и на неговата скромна баронија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ние пријателски се зазборевме и ниту забележавме кога во канцеларијата влезе човек на средни години, кој го фати младиот господин за рамената и извика на сиот глас: - Така ли вие, ѓаволски мрзливецу, ги подготвувате сметките?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе ве избркам ако не работите? okno.mk 165 Господинот што мислев дека е директор пребледе, тажно ја спушти главата и седна на своето место.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)