Не, не, вели Танаско, ама Перса му ја наполнува оти тој е биналија човек, нему пет чашки може да не му стигнат, што е за него една, му се спротивставува таа, а Танаско лизнува од чашката и си ја продолжува преѓешната мисла за Димостена иако веќе знае дека тоа не ѝ се допаѓа на Пелагија, вели Ако не испаднал ва пролет ки дојде другта, гу пузнавам јаска негу, не утстапува уд риченту!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)