спроведува (гл.) - свој (прид.)

Во тие мигови, додека интензивно ги следи информативните емисии, ги чита весниците и на сите можни начини настојува да ја разбере ситуацијата во Твојата земја, госпоѓа Лејбовиц постапува токму онака како што би постапувала Твојата мајка: по факс Ти го испраќа планот на град Скопје (каде ли го нашла, добрата душа!), молејќи Те да го одбележиш местото на кое живее Твоето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Под маската на љубопитен ентомолог, Петар Бем го спроведува својот пеколен план на освета.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Негова најголема желба била, пишува Шатев „по секоја цена да не отстрани од Солун, па дури и да умреме во некаква затворска ќелија, само и само да не бидеме во Солун, каде што тој сакаше да биде спокоен за да ги спроведува своите цели како натрапен водач на едно движење на кое тој, поскоро му беше противник, а сега, по една случајност на сложените настани, беше станал раководна личност“74.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)