спотне (гл.) - оган (имн.)

Ноќта му студеше. Неколкупати стануваше да го спотне огнот и да се грее.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во мигот го слуша гласот на Богородица која го моли деверот да не излегува по вакво време, а тој дека оди да земе нешто од она што го исфрла Дине, за да го спотнел огнот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го спотна оганот, се навали на перницата: — Е! Сполај му на господ: и вој ден помина, Еден по еден, ама нам ни се бележат на ќитапот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тогаш оние придојдените и оние што не стигнаа да се напикат во некоја отворена уста на црните вагони, си ги задскрија тупаниците од зад грб и назадечки го отвораа кругот околу вагонот со скриена мисла во главите дека уште веднаш треба да се спотнат огновите за да не ги угасне денот и сонцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бавно се извлече од леглото. Го спотна огнот. Стави врз него дебел дабов трупец, да држи жар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)