спотера (гл.) - накај (предл.)

Откако малите ветрови се повлекоа - Северецот и Југот продолжија жолчно да се нафрлуваат еден на друг: час Северецот успеваше да го истисне Југот, да го истера од селото, да го спотера накај полето и езерото, час Југот собираше сили, му се втурнуваше на Северецот бучејќи и шибајќи го со јадри капки што ги заграбуваше од езерото; со нив како со сачми заплускуваше по прозорците од куќите, по дрвјата, по сè шо ќе му се испречеше на патот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)