Марко Крале! Дали е тоа истиот Марко Крале кој толку често го спомнува во своите долги, предолги песни, баба Дона?
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Смалувањето на поворката не се спомнува во весниците. Но јас знам дека беше така.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
- Многу го спомнуваат во бајките и јас не верував дека навистина постои - му објаснив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Нели: Споменот се смее а солзи му течат од очите!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ете, и помеѓу тие тешки времиња можело да се зачнат и необични нешта, па дури и копиле!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се сеќавам и на престојот во куќата под Сина Скала што се спомнува во истрагата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Изложбата „Невиното око: Детска уметност и модерните уметници” и каталогот (од кој е адаптиран овој есеј) имаат цел да го надокнадат пропуштеното, и постапно да ни овозможат подлабоко разбирање на креативните процеси и стремежи во работата на модерните уметници.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Иако детската уметност не беше единствениот извор на инспирација на овие модерни уметници, нејзиното влијание е неоспорно (макар што денес одвај се спомнува во модерните учебници).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Истиот тој ден, според датумите што ги спомнува во белешките богобојажливиот старец, тој брза да забележи со неговата бавна рака: Моето сведочење нема друга намера освен онаа што треба да ја расветли темнината на нашите денови и да ги изнесе на показ злите гласови на нашите ноќи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Да му го плати на чизмарот стариот долг за ставање нови главички кон старите голеници, па требаше да се нарачаат кај шивачката три нови кошули, па едно две рала долни алишта, кои е непристојно да се спомнуваат во печатен текст, со еден збор, сите пари мораа да бидат потрошени докрај; и кога директорот би бил толку милосрден, па наместо четириесетте рубли награда да определи четириесет и пет или педесет, и тогаш ќе остане само дребулија, која во шинелскиот капитал ќе биде само капка в море.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ама не очајувајте, ако непорочно го носите бога вели попот, ако го славите Исуса, ако го спомнувате во сѐ што правите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А постојат некои проблематизирања, како на пример дали САД постои како политички ентитет, или всушност, Америка е балканизирана на некој чуден начин.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Знаеш, САД никогаш не се спомнува во книгата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ова е на некој начин моја омилена идеја, дека светот може да се расцепка на помали... ТЛ: Мене исто така, момче. ВГ: Сепаратизмот на западниот Брег и слични работи.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)