Грците ја уништија Охридската архиепископија затоа што се спомнуваше името „бугарска”, како историски reliquium, но го употребуваа името Бугарин за да го овоплотат во него својот презир кон сѐ словенско.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Мајка и баба не го спомнуваа името Одисеас и дома и надвор ме викаа Мите, Митренце, Митре.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но и нејзе не ѝ беше јасно зошто не му го спомнува името, туку само ја пишува буквата Б.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- На мајките, и без да им го спомнуваш името ќе знаат да ти го прослават именденот - ми беше одговорил.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми се причини дека ме воведува во некоја игра за која немав слушнато, а од која сепак, на крајот, ќе се појави некое чудно, можеби и непријатно изненадување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јас не ги сфаќав неговите објаснувања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Речиси секој сонува. Оној кој е спречен да сонува, тој мечтае.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но кога ја прашав од кои причини ги криеме начините на кои општиме со своите спомени таа отворено ми наговести дека искреноста е еден вид разголување.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мајка ми никогаш не спомнуваше имиња од нејзиниот живот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А бев сигурен дека барем во сонот дружи со некого од нејзиното минато?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)