— А, така ли е работата? — се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај неговите заптии и издаде заповед.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Моментален бес проструи низ мускулите на Глигора и одвај се здржа да не го зграпчи и сплеска во ѕидот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Но место одговор, од малото пенџерче на Алимасковото куќарче грмна манлихера и куршумот ја продупчи старата дабова штица на портата и се сплеска во дебелиот клинец и неговата широка глава; падна пред Чамила.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Крушумот удри во горното черчеве, го проби дрвото и се сплеска во каменот зад него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)