спие (гл.) - кај (предл.)

Пуштете сега и вие еден коњ да спие кај вас.“ „Будала некој, тој ваш отец“, со кикот рече девојката и пребрзо за нивното разбирање симна сѐ од себе и се прозевна. „Ајде кажете каде ќе се легнува?“ По подот лазеа чудни мириси на мастика, на лук и на женска топлина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ја заборавија ретката гостинка со нацртани веѓи и многу остри ковчиња под тврдата облека, ја заборавија и својата бедна машкост и се обидоа да се извинат, набожнички, вернички, лакејски. „Оче Симеоне...“ Им одговори на непоставеното прашање, отсутно, не дигајќи ја главата потпрена на колениците: „Еднаш еден ваш коњ пуштив да спие кај мене.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со ноќи не се прибирав дома и спиев кај Земанек.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
САВЕТКА: Ааа... за тоа ли ти спа кај неа, за врска да ти послужи со Илија? Да те продаде!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таму спиеше кај една жена од селово пребегана со маж ѝ и ќерка ѝ од качачките зулуми.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Орде рече дека тој ќе му ја отстапи својата кушетка, а за да не им биде тесно на двајцата, тој ќе оди да спие кај некои другари, има каде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)