спие (гл.) - до (предл.)

Бидејќи Ристе Бојанин не одеше в црква ни наутро, ни со подарок, Бојана беше ослободена од таа должност и спа до сонце огревање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во „The Small Rain“ ликовите се соочуваат со смртта на еден детинест начин. Ескивираат: спијат до доцна, еуфемистични се.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
- Но, ти обожаваш да спиеш до пладне и одвај се извлекуваш од кревет – ме потсети татко ми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само еднаш Роза ја подотвори вратата од неговата соба, и пред да ја затвори, рече: “Постојано мислам дека ќе се врати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тие долги прошетки во ограничен простор, не влегувавме единствено во собата на Херман, во која тој спиеше до заминувањето во војна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Детето спие до мене, му го слушам дишењето, но не вртам глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)