спаструва (гл.) - сон (имн.)

Спастрен човек првин си го спаструва сонот - од студој, од џимкања, од говоранции и викања – време е да се надува воздушното перниче, време е, како не било време да се наметне ќебето и да се молчи, молчи (малку ли се изназбори во соништата за Трансибирската) кој молчи може да си најде алтанче од Алтајската Гора, а има и реални шанси да го види Солжењицин како се враќа дома, баш со Трансибирската.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)