И поткрепа имаат од прилепските и битолските првенци, и согласност од овдешните Турци, и мајстор кои ќе им ја соѕидаат црквата, и човек кој ќе им го направи живописот внатре во црквата, и камење и вар, и песок и сè што е потребно за ѕидање црква имаат дотерано на Рамник на Горник, и иако одовде до Стамбол имаат сè поткупено, и турско и каурско, одобрение за ѕидање црква не стигнува од Стамбол од султанот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А целото село ќе се грижи за храна на мајсторите што Стале ги најде и ги пазари 24 лири да ја соѕидаат црквата, иако немаше ни 24 пари во ќесето — Пак, село нека е весело, — велеше тој.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И еве како десет и повеќе години - напролет, пред да започнат полските работи, и наесен, откако ќе завршат тие - петмина одбрани мажи, заедно со него, со Максима Акиноски, ги абат праговите на властите во Прилеп и Битола и молат да им се издаде одобрение да си соѕидаат црква.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Водејќи го со себе Лазора Перуноски акаше во Прилеп, во Битола, во Солун - за да моли и да поткупува да им се издаде одобрение на потковичаните да си соѕидаат црква, општина и училиште.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)