Предноста на ваквите системи е во тоа што благодарение на нив би можело да се сочува контролата над уживателите кои евентуално би морале да посетуваат предавања за последиците од дрогата за која се определиле, би биле подложени на постојана лекарска контрола итн. На овој начин уживателите и понатаму во извесна мера би биле обележани, што еветуално би можело да ја обесхрабри побарувачката.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Наместо да го пуштам војникот да скока и клоца натаму-наваму по екранот, моите програми непосредно го вклучуваат корисникот, може да се погледнува со Мерилин Монро или да игра тенис со Лендл. u Како да се сочува контрола врз идеите, ако најчесто им успева на Јапонците подобро да ги изработат и да ги усовршат?
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Третата можност ужива извесна поддршка: задолжително лекарско одобрение за уживање дрога, како што тоа го прават Британците. Сличен приод би бил и ограничувањето на достапноста на дрогата на познати зависници, што би се правело на специјализирани клиники. Во таа смисла власта би можела да бара издавање дозволи на легалните уживатели.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)