составува (гл.) - и (сврз.)

Пајак сум со крст на грбот, и сум создал цела една мала вселена; краевите по кои ги составував и лепев деловите навистина прилегаа на мрежа, на зраци сончеви што се распостилаат наоколу од средето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Вистина, мајка ми е Влаинка, татко ми е Влав, значи и јас сум”, продолжи замајано, небаре забрзано ги составува и крпи сликите од сонот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Трговското друштво, секоја година, составува и објавува консолидирана годишна сметка и консолидирани финансиски извештаи – ако има превладувачко влијание во едно или повеќе друштва (чл. 504, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со други зборови, ние се запознавме досега со тоа дека составувала, составува и може Македонија да составува од себе одделна етнографска единица.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сега ни останува да видиме дали таа составувала, составува и може да составува таква единица во политички однос?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)