состави (гл.) - мозаик (имн.)

Постепено, научниците го составија мозаикот за настанокот на писмото, но тој содржи многу празнини и подложен е на различни толкувања.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Подоцна, во партискиот комитет, врз основа на конфузните доставки, се обидуваа да го состават мозаикот на потребната вистина па на крајот немоќни да дојат до посаканото лесно обвинение, немоќни, извикуваа: Кој е сега овој господин Сеген со козле?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тој мој безуспешен напор да составам мозаик од куп ненужни тровчиња и да му го вратам на светот она што му припаѓало, со тапост на прстите да повторам еден лик, оддалеку, од некоја шупливост на исконот, спровирајќи се низ алки на вековите, до мене достасаа и смеа и плач.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)