Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Британците се надевале дека таа група би соработувала со групата која требало да врши диверзии на железничката пруга Скопје-Велес.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тоа младо курвиче разви свој центар. Се врза со Нигеријците, брзо се вклопи во студиото на Ема, соработуваше со Машкото друштво „Осамени срца”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Соработував со Андон Клековски, со Тихомор од Друштвото “Осамени срца”, со тетка Асја од Драчево, со ресторанот “Кај Таки”.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Син му Санде не престанал да соработува со Турците и бил патријаршист.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во меѓувреме во близината на Кавадарци била стационирана српската Тимочка дивизија чија команда на почетокот соработувала со месната власт, а своето присуство го објаснувала како привремено.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 17 декември 1912 во Тиквешкиот округ со Указ била воспоставена српска полициска власт што почнала да функционира од 1 јануари 1913. Причини за востанието биле воспоставување на српската власт, отворањето на српски училишта и цркви, биле формирани нови општински управи, а кадар се доведувал од Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Таја таму има учено и соработувано со некои од нејзините учители и колеги.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Не соработува со „Паркови и зеленило“.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ретки злобници потајно тврдеа дека тој бил уфрлен шпион во Козар маало, постојано соработувал со властите, а сега сите ги оставил на цедило!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Синдикатите можат да основаат свои сојузи или други облици на здружување во кои нивните интереси се поврзуваат на повисоко ниво [„синдикати на повисоко ниво“].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Синдикатите на повисоко ниво ги уживаат сите права и слободи загарантирани за синдикатот и имаат право слободно да се здружуваат и соработуваат со меѓународните организации основани поради остварување на нивните права и интереси (чл. 187, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)