Одам таму каде сѐ започнува каде сѐ се раѓа, каде ќе се сопнам од вистината и разбудам во еден друг свет, каде ќе можам да бирам како ќе живеам....
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Сандре Самарија ги смири: „Ноќ е, Борисе. Ќе го бараш и ако не се сопнеш од него, не ќе го видиш.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Товарена со нарамок дрва за малку ќе се сопнеше од расфрланите обувки на прагот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Се сопна од разриената крстосница, на местото каде автопатот ја пресечуваше градската улица.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Блаже Задгорец рече: „Пееме кога ни свират, кога е за пеење.“ Борис Калпак остана згрбавен: „Мртвите не пеат.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се решив кога се сопнав од поголем камен. Дури и не се бранев.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ама станала во темница, одела ноќе до кујната водичка да се напие, се сопнала од некоја врчва и паднала.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)