4 Примерот на Х.Џ. е за одбележување затоа што неговата храброст и решителност да покрене судска постапка, делуваше инспиративно и стимулативно за другите вработени во фабриката, кои соочувајќи се со истиов овој проблем, беа во тешка и незавидна ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Тој по мачниот живот што го мина, неколку пати соочувајќи се со смртта и со пеколни маки, во последен миг спасен пред да биде целосно жив закопан, им порачуваше да ги сакаат родната земја и јазикот до страдање, да не им се срди срцето против Албанија дури и кога ќе страдаат невини, татковината останува татковина, дури кога убива.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Запрашан околу тоа дали тој повторно би тужел, доколку во иднина му биде повредено некое право – Х.Џ. со право изјавува дека, од денешна перспектива, многу важен услов за покренување тужба е тоа колку ќе биде самиот тој, економски и психички силен тоа да го стори – затоа што одењето на суд е голем луксуз и голем стрес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако Рози чувствуваше голема огорченост при претпоставката дека тоа може да е шега на Френк, поради што му се лутеше, сега, соочувајќи се со вистинска змија, невидлива и која бесшумно и злокобно, се движи тука наоколу, таа од сѐ срце посака тоа да било шега.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)