Да не би да сонува или сето ова, пред него, му се привиѓа поради долгата отсутност од убавиот харем или поради преголема измореност?
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И кога не си одговори, не беше начисто со тоа, дали е тоа – тој, дали сонува или е пијан од некоја волшебна напивка што владетелите ја чуваат скриена во своите подземни ходници.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
„Не”, си рече сама за себе во знак на резигнација, „не сум можела да го сонувам или да го замислам тоа.”
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ние слушавме, гледавме ковчеже и златно клуче, гледавме, но не му верувавме зашто не знаевме дали тој буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еден ден ја праша: „Навистина ме сонуваше или...? И како јас да ти дојдам во сонот?“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Нашиот другар гордо ја држел главата како да знаел што ќе се случи, како да знаел дека е дојден денот и часот што долго го очекувал, за кој ни говорел, но ние не сме сакале да му веруваме зашто не сме знаеле дали буден сонува или засонет говори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)