сонува (гл.) - повеќе (прил.)

Имотот што го имал во Езерец му го подарил на манастирот и тогај нашол мир: не сонувал повеќе пожари и не скокал во сонот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Богдан ѝ купи прстен, и откако таа го стави, откако не ја чувствуваше веќе таа празнина на прстот, не го сонуваше повеќе тој сон.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Интересно, му се чинеше дека не сонува повеќе ништо.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)