сонува (гл.) - ноќеска (прил.)

Сонував ноќеска, или слушав во сонот, не знам салам.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја прашав: – Сакате ли да Ви раскажам што сонував ноќеска? – Може, ако не е долго.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш, мазно свртувајќи се помешечки, држејќи ја прерамката од елечето само со палецот и показалецот, таа пред заџарените Грци му вели: „Знаеш ли што сонував ноќеска?“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ги наведе тој своите очи и почна да се чуди пред Анѓа. оваа пак го заговори: – Знаеш што сон сонував ноќеска, Стојане?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Изгледа како да е закована на некој превртен под од штици... – Пак лажеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)