сонува (гл.) - веќе (прил.)

Заради една косичка руса Душан не сонува веќе да стане гусар.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој.  Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се плашеше ли таа од него? Го беше ли сонувала веќе и сега го препознаваше?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Цви Корец не сонува веќе. Кога спие гледа само црно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)