сонува (гл.) - страшен (прид.)

Сонував страшни соништа и еден многу убав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Машкиот дел пред зградата беше прекриен со добро одгледан тревник со детелина чие зеленило и свежина раѓаше кај мене, истовремено, и тага и радост, и копнеж и болка, и нешто недоволно јасно во сеќавањата, и нешто премногу остро во нив, нешто што сечеше како срча навлегувајќи длабоко во месото на животот, и јас тогаш се повлекував во ќелијата, клекнував во аголот наспроти креветот, ја ставав главата меѓу коленици и плачев како дете, или можеби само сакав да плачам како дете на сет глас; да, јас сакав да плачам, но не можев оти рапава грутка ми го затнуваше грлото и ми го параше до изнемоштеност и чувствував тежина на камен под кој лежев како болно дете на пелена и сонував страшни соништа, го сонував животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дека со Игбал летаме над Градскиот парк, ноќе, но не на килим, туку на велосипед, и дека под нас тече Вардар целиот осветлен, како наместо вода да тече сребро меѓу неговите два брега, а во грмушките и меѓу дрвјата наоколу летаат, наместо светулки, ѕвезди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)